Заев: Про-руски бизнисмени платиле до 21.000 долари за насилни протести пред референдумот

Македонскиот премиер за BuzzFeed News изјавил дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести.

3760

Странци, ки се поврзани со Русија, платиле илјадници долари за да се поттикне насилство со цел да се спречи Македонија да влезе во НАТО, изјавил премиерот Зоран Заев за BuzzFeed News.

Заев рекол дека неговата влада добила повеќе извештаи дека „грчките бизнисмени” кои “се приврзаници на руската кауза” им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство” пред клучниот референдум оваа година, кој ќе утврди дали земјава ќе се приклучи на воениот сојуз.

Премиерот, пишува BuzzFeed News, одбил да именува кој стои зад плаќањата, наведувајќи ја тековната истрага и чувствителноста на дипломатските односи околу кандидатурата на земјата за членство во НАТО. Тој рече дека полицијата дознала за плаќањата откако биле притворени неколку учесници во насилните протести пред парламентот во јуни.

Оригиналниот текст на англиски јазик можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...