Македонија официјално ја доби поканата за почетокот на преговорите за влез во НАТО со можност официјално да бидеме дел од Алијансата како 30-тата земја членка кон средината на следната 2019 година. Во меѓувреме треба да се исполнат обврските од Договорот со Грција – успешно спроведен референдум и уставни измени и процесот на потпишување на протоколот за приeмот на Македонија од сите земји членки. Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 12 јуни, на ден Петровден, на свечената церемонија во Брисел официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговорите со Алијансата, што беше прикажана на наша телевизија. Исто Македонија има датум за преговори со ЕУ.
Сите ова го оценија како историска одлука за земјата и граѓаните, освен за македонската опозиција и контрoверзниот и конфузен нејзин лидер Мицкоски. Мицкоски и раководството на злонамерната опозиција не можат да се помират со фактот дека Зоран Заев, кој тие не можат да го смислат, успеа да потпише договор со Грците што тие не можеа тоа да го сторат со нивното 11 годишно владеење. Ќе пукнат од мака! На овој историски случај, Мицкоски во негов стил ќе изјави дека нема ниту датум за преговори со ЕУ, безусловна покана за НАТО. А нема за тоа што имаме неспособна влада (за се’ е крив Зоран Заев!). Мора да престанат поразите… ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со сите свои сили против ова зло кое го доживува секој еден граѓанин. Затоа ќе продолжиме да протестираме, најавувајќи жешко лето… Оној моронот Antonio Macedonian во улога на некаков поет ќе каже: „ Во светот на мраморни глави поразот како победа се слави“.
Целиот свет гледа како на церемонијата во Брисел свечено му се предава поканата за членство во НАТО, секако условено од исполнување на Договорот со Грција како што е и договорено, само нашиот Мицкоски тоа не го гледа или не сака да го гледа. Видете каква огромна разлика има меѓу насмевките и оптимизмот на Зоран Заев кој силно верува дека Македонија ќе биде 30 членка на НАТО и ќе почнат преговорите со ЕУ и намрштеното и смркнато лице на лидерот на опозицијата Мицкоски кое може да послужи како плашило во бостан! Овој човек Мицкоски можеби никогаш во животот не се насмеал, неговата сериозност со укочен поглед зборува за неговиот карактер исполнет со злоба и негативна енергија. Ако е точно девизата дека едно смеење го продолжува живото за еден ден, во таков случај тој сигурно нема да си го продолжи животот. Тој е човек „што ниту се смее, ниту плаче“!
Во една прилика тој ќе рече дека, цитираме: „јас сум чесен, сериозен и принципиелен човек…„ За сериозен човек сигурно и повеќе е од што треба, за чесен не ми е познато затоа што сите за себе зборуваат дека се чесни а за третата карактерна особина принципиелност не може да се земе како точна поради фактот што тој никогаш не се раководи од принципи во неговото однесување. Доколку би бил принципиелен, како што тој за себе вели – ние како политичка партија водиме принципиелна, чесна и искрена политика – според неговото кажување, во таков случај тие своите тврдења дека Договорот со Грција бил штетен, дека се губи македонскиот идентитет ќе го поткрепат со факти а не само со голи зборови. Не само што опозицијата не води принципиелна политика, туку таа се служи со лаги и искривување на вистината, манипулации, уцени, злонамерност и непоткрепени тврдења дури и со навреди дека Владата и Заев биле неспособни без да наведат ниту еден факт како поткрепа на нивното такво тврдење.
Кога сме кај карактерните особини на Мицкоски, треба да споменеме дека во многу карактерни особини е многу сличен на неговиот ментор Груевски. На пример, манипулација, лаги, омраза, одмазда, љубомора, завист, промовирање на самиот себе (кога на секој интервју посочува дека е универзитетски професор), уцени и многу други лоши особини што ги има човекот. Како да овие наброени особини се пренесени директно од Груевски на Мицкоски, просто човек не може да верува! Можеби со примопредавањето на лидерската функција на партијата Груевски му го пренел на Мицкоски и неговиот лош карактер, карактерни особини на невротичар!
Опозицијата и лично Мицкоски најави протести во сите градови во Македонија против Договорот со Грција дека е капитулантски и штетен за Македонија, дека името е продадено а идентитетот е изгубен и ќе сме се викале „северно Македонци“, дека сме се откажале од нашата историја и од македонската националност во Грција и секаде во светот, дека ќе сме менувале историски учебници и тн. и тн. Нема да изостанат нападите против Владата и навредите против Заев кој е квалификуван како предавник, а тие, опозицијата како големи патриоти, подобро идиоти, ќе ја одбранеле Македонија и таа ќе победела! Само не знам од кога и зошто ја бранат Македонија, како и не знам кого Македонија ќе го победи?! Но, во секој случај ќе има жешко лето на кое опозицијата ќе манипулира со македонскиот неук народ со цел да го одврати „нивниот народ„ да излезе и гласа на референдумот за Договорот, да го бојкотира референдумот за да не се реализира Договорот со Грција и на тој начин ќе ја спасиле и одбраниле Македонија. Само тие знаат од кого ја спасуваат Македонија и кога таа ќе победи! На нивните протести главна содржина ќе бидат две работи, првата поврзана со Договорот дека е продадено името и националните интереси и втората работа ќе се напаѓа лично Заев со секакви простачки навреди од типот – „народот му кажа НЕ на Зоран Заев… НЕ на капитулацијата на Македонија, НЕ на продажбата на Македонија, идентитетот, јазикот и нацијата…“
Во последно време Мицкоски ќе изјави дека изборот на ДИК немала врска со барање на амнестија за случувањата од 27 април 2017 година. Ако е така, зошто изборот го условуваат со донесување на законите за финансирање на партиите, што е прифатено и за изборите со формирање на техничка влада 100 дена пред изборите кога Комисијата се бира за спроведување на референдумот а не за избори кои можат да се случат по две години, дури во 2020 година! Јас не можам да го сфатам нивниот резон да барат амнестија за „тепачите„ во Собранието кои имаа намера да го убијат Села и други пратеници со примитивни и наивни лаги дека се работело за политички монтирани процеси! Доколку толку ги сакат „тепачите„, тогаш налогодавачите за случувањата од 27 април нека ја преземат нивната вина на себе, па покрај нивните години во затвор нека ги додадат и годините на „тепачите„! Е тоа можам да го разберам, но Мицкоски и раководството на ДПМНЕ, поранешното и сегашното, се најобични кукавици и плашливци кои за да ја спасат својата сопствена кожа во состојба се цела Македонија да ја уништат и за тоа око нема да им трепне! Не оти им е жал за „тепачите„, тие, налогодавачите, се плашат за нив да не ги отчукаат на СЈО и да ја добијат заслужена казна, а „тепачите„ кога не сакат да ги откријат налогодавачите казните треба да им се дуплираат. Замислете, во Англија некој терорист Рашид само за тоа што наговарал други да го убијат и принцот доби доживотна казна затвор; а Мицкоски бара амнестија за луѓе што до смрт го претепаа Села и го оставија жив мислејќи дека е мртов! Интересно е дека Мицкоски нема срам да бара амнестија, но таков е нивниот ментален склоп – немаат ниту срам, ниту морал, ниту етика! Беда од луѓе, нелуѓе!
Последната изјава на Мицкоски дека опозицијата може и да не учествува на референдумот, може референдум и да не се одржи, зависи од тоа како ќе биде поставено прашањето за референдумот, дали ќе се обезбедат фер и демократски услови за одржување на референдумот , спрема Мицкоски сите опции се отворени по прашањето на референдумот. Преку протестите што ги почнаа и ќе продолжат, целта на опозицијата и Мицкоски е да го припремат своето членство за бојкот на референдумот а не да гласат против Договорот. Тие ќе можат да најдат во секоја прилика причина за бојкот на референдумот, било да не им се допаѓа прашањето било да проценат дека немало фер и демократски услови за одржување на референдумот. Тие добро знаат дека со бојкотирање на референдумот има поголема можност да не успее референдумот отколку да излезат на гласање и гласат против Договорот.
Протестите на опозицијата, со напаѓање на Договорот како штетен за Македонија, Владата како неспособна која не ги остварила ветувањата и лично премиерот Зоран Заев како предавник и криминалец и многу други простачки навреди, имаат за цел да ги припремат нивните членови и симпатизери да го бојкотираат референдумот. Друга цел протестите немаат. Опозицијата најави и почна да дели нивни памфлети по куќи и станови, јас добив таков памфлет, како дел од нивната кампања во ова жешко лето. Во ваква ситуација се поставува прашањето што треба да прави Владата на Заев? Како да се постави наспроти ваквото однесување на опозицијата? Сметам дека позицијата треба да одговори соодветно на однесувањето на опозицијата – едноставно, треба да и’ парира на опозицијата со жешко лето на позицијата! Како? Не се доволни бледите деманти и пораки до јавноста од страна на Владата и СДСМ, треба на систематска основа и агресивно да и’ се објаснуваат на јавноста предностите од членството во НАТО и ЕУ преку медиумите, печатот, социјалните мрежи, а пред и по објавување на референдумот да се одржат добро организирани митинзи под мотото – НАТО и ЕУ се единствена опција за подобра иднина на Македонија! Во 2018 година треба да се повтори митингот од 17 мај 2015 година; тогаш се рушеше режим а сега да се обезбеди иднина и просперитет на Македонија! За двете прекретници на Македонија потребни се големи митинзи!
Опозицијата почна жешко лето а позицијата треба да го направи уште пожешко. Во секој случај во Македонија ќе имаме многу жешко лето од опозицијата но и од позицијата…