Магла на патот Лисец-Попова Шапка, видливост до 50 метри

89

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има на патнит правец Лисец-Попова Шапка, информира ЈП Македонија пат.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се здржува на коловозот.

Дожд врне во западниот и југо-западниот дел од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...