Репрезентацијата на Франција е нов светски фудбалски шампион, откако денес во финалето на Мундијалот во Русија ја победи Хрватска со 4:2.
Головите за Франција ги постигнаа Марио Манџукиќ (автогол 18.минута), Антоан Гризман (пенал 38.), Пол Погба (59) и Килијан Мбапе (65).
За Хрватска погоди Иван Перишиќ (28) и Марио Манџукиќ (69).
„Триколорите“ на овој начин го повторија успехот од 1998 година кога на свој терен се искачија на светскиот фудбалски трон, додека Хрватите со пласманот во финалето го надминаа 3.место освоено на истото СП пред две децении.
Мундијалот во Русија се играше од 14 јуни до денеска. Следното Светско првенство ќе се игра во Катар во 2022 година.