Објектот на фабриката „Маја“ во конкуренција за награда во САД

1534

Објектот на фабриката за полнење вода „Маја“ во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција со пет други индустриски објекти за  наградата Architizer A+ во САД.

После првите две селекции објектот на архитектот Карангелов е селектиран во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти – фабрики.  Освен гласањето на жири комисијата    се гласа и онлине, каде проектот на Карангелов во моментов е на прво место со освоени 37 проценти од онлајн гласовите.

Онлајн гласањето трае до 20 јули и може да се направи на следниот линк:The Architizer A+ Popular Choice Awards needs YOU

Architizer A+ годишните награди во САД се одржуваат годинава по 6-ти пат во организација на Architizer. Учесниците се оценуваат од повеќе од 400 истакнати стручни лица од различни области како архитектура, мода, издаваштво, индустриски дизајн и др.

Наградите имаат за цел да го потсетат светот дека архтиектурата игра многу голема и важна улога со нивните дела, да потсетат и наградат простори и објекти кои архитектите ги создаваат.

По објвениот конкурс и пријавување на објектот, со потребниот материјал, објектите беа селектирани, во различни групи на објектите и дизајн

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...