Јаневски и Гаџа во Кичево, а Ареа пееше на прославата во Гостивар

Членството во НАТО и во ЕУ носи придобивки и отвара нови хоризонти за напредок на сите полиња, изјави вицепремиерот Адеми. на прославата во Гостивар.

2410

Прослава по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во Алијансата и датум за преговори со ЕУ, се одржа во Кичево и Гостивар.

Во Кичево на градскиот плоштад граѓаните прославуваа со песните на Владо Јаневски и Адриан Гаџа.

Меѓу присутните граѓани беше и министерот за економија Крешник Бектеши.

На градскиот плоштад во Гостивар пак настапија групата „Ареа“ и ди-џејот Феки Фарис.

На граѓанската прослава во Гостивар присуствуваа и министерот за култура Асаф Адеми, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и заменик министерката за финансии Ширете Елези.

– Ова е историски момент за Македонија и тука сме да го прославиме заедно со сите граѓани. Членството во НАТО и во ЕУ носи придобивки и отвара нови хоризонти за напредок на сите полиња- рече вицепремиерот Адеми.

Според заменик министерот за финасии Ширете Елези, ефектите од интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ се далекусежни и од нив најголема корист ќе имаат граѓаните.

– Ако се направи споредба со напредокот на нашите соседи со пристапувањето во НАТО и ЕУ, ќе ги согледаме и ефектите кои ги очекуваме. Овие интеграции позитивно ќе делуваат врз економскиот развој и општо подобрување на финансиски план. Јас ги повикувам граѓаните да го поддржат референдумот кој треба да се одржи, бидејќи тоа патот по кој треба да се движиме – рече Елези.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...