Екипата на ЖРК Вардар денеска во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на германски Битигхајм, откако со победа можеме да го завериме првото место во групата, а со тоа и полесен противник во следната фаза.
На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија, „црвено-црните“ победија со 38:26.
Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова на пресот пред два дена изјави дека добро го познаваат противникот но и дека тимот треба да одигра перфектно за да победи.
Бекот Јованка Радичевиќ додаде дека добрата одбрана треба да ги донесе вардарки до конечна победа и на тој начин да се осигура првото место во групата.
Шампионот на Германија доаѓа во Скопје во добро расположение, откако во средата оствари победа во домашното првенство над Олденбург со 29:19, па сигурно нема да биде лесен меч.
Мечот почнува од 19:00 часот.