Тевдовски: Членството во НАТО води до подобар стандард на граѓаните

Стружани и присутните ги забавуваа САФ, Бла Бла Бла и Маци Стојановиќ, а покрај во Струга поканата за влез на Македонија во НАТО се славеше уште во 14 други градови во државата.

127

Членството во НАТО има позитивни ефекти за економијата и за животниот стандард на граѓаните. Тоа пред се значи безбедност и стабилност што води до зголемени инвестиции и отворање нови работни места, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски пред почетокот на прославата во Струга за добиената покана за членство во алијансата.

Во изјава за МИА потсети дека двојно е намалена невработеноста во земјите што влегоа во НАТО во 2004 година во петгодишен период.

– Тоа значи дека се отворени значаен број нови работни места што пак води до зголемување на конкуренцијата, платите, а со тоа и животниот стандард на граѓаните. Задоволни сме и очекуваме економијата заради НАТО, заради безбедност, сигурност да се движи во позитивна насока. Продолжуваме со сите реформи за подигање на животниот стандард на граѓаните и нашата економија да оди напред -рече Тевдовски.

На прославата во Струга покрај градоначалникот Рамиз Мерко, пратеници и други функционери присуствувaше и заменик министерот за здравство Асим Муса, кој за МИА истакна дека поканата за влез во НАТО е значајна за стружани, но и за сите граѓани.

– Поканата за влез во алијансата значи стабилност и сигурност во државата, а со тоа доаѓаат и инвестициите, со што ќе се отворат нови работни места и ќе се подобри стандардот на граѓаните – изјави Муса.

Стружани и присутните ги забавуваа САФ, Бла Бла Бла и Маци Стојановиќ, а покрај во Струга поканата за влез на Македонија во НАТО се славеше уште во 14 други градови во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...