Граѓаните слават и во Кочани Штип и Кавадарци

Заедно со граѓаните на прославата во Кочани присуствуваа и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, пратенците во Собранието и градоначалниците од регионот.

3891
MIA

Голем број граѓани славеа вечерва во Кочани Штип и Кавадарци.
Во Кочани се славеше на платото во Трговскиот центар.

Заедно со граѓаните на прославата присуствуваа и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, пратенците во Собранието и градоначалниците од регионот.

– Добивањето на поканата за членство во НАТО и преговорите што претстојат за пристапување кон ЕУ за македонската економија и земјоделство ќе значат можност за отворање нови работни места и нови фондови, односно повеќе пари за зголемено производство и зајакнување на конкурентноста. Сето тоа ќе помогне во руралниот развој, поради што цврсто сме насочени да го имплементираме Планот 18 и конкретните реформи што ги зацртавме – рече министерот Николовски.

Во забавно-музичката програма присутните граѓани во Кочани ги забавуваат Дарио, диџеј Мастер Џи со Кинг Неат Велиов и Лепи Џо.

На Градскиот плоштад во Штип настапуваат ДНК и Елена Ристевска.

Граѓаните кои вечерва дојдоа на Градскиот плоштад во Штип велат дека овде се за да прослават за историската покана за нашата земја да влезе во НАТО и ЕУ.

Забележуваат дека влегувањето во ЕУ ќе донесе подобар стандард и сметаат дека ќе се прекине и процесот на миграција во источниот дел на Македонија

На бината пред општинската зграда во Кавадарци настапуваат „Нокаут“ и Кристина Арнаудова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...