Групата „5+“ ги забавуваше прилепчани на владината прослава

Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.

471

Вечерва прилепчани се собраа во центарот на градот за да бидат дел од прославата што ја организира Владата за поканата Македонија да биде член на НАТО и за доделувањето датум за преговори со Европската Унија.

На големата бина во центарот на Прилеп настапи групата „5+“.

Со прилепчани заедно славеа и пратениците Хари Локвенец, Кети Смилевска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...