Во 15 градови низ Македонија вечерва ќе биде прославена поканата на земјава за НАТО и датумот за преговори за членство во Европската унија.
Прославата ја организира Владата и локалните самоуправи.
Најавено е учество на 40 уметници од земјава.
Според информацијата од Владата, тошоците за продукција и постпродукција ќе бидат обезбедени од Буџетот, а сумата ќе биде објавена по завршувањето на сите пресмети.
„Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикуваме
опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз музичарите кои на најтранспарентен, чесен и професионален
начин учествуваат во прославата, врз основа на договори во кои
експлицитно е наведено дека ангажманот е за прослава по повод
поканата за Македонија за членство во НАТО со наслов: Одиме
напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, соопшти владината прес служба.