СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира формирањето на ДИК!

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого и секој што сторил каков било криминал ќе мора да одговора, наведуваат од СДСМ.

294

Додека Македонија слави за историскиот успех, за членството во НАТО со сочуван македонски идентитет, Христијан Мицкоски се грижи само за одбрана на криминалот. Судбината на Никола Груевски му е најважна на Христијан Мицковски, дури повеќе и од членството во НАТО, констатира СДСМ во денешното соопштение.

Од СДСМ оценуваат дека единствено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се одважиле да им честитаат на граѓаните, а нивна главна политичка мисија е барањето за амнестија на криминалите направени од врвот на нивната партија.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого и секој што сторил каков било криминал ќе мора да одговора – наведуваат од СДСМ.

Од СДСМ бараат ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира формирањето на Државната изборна комисија.

-Наместо да измислува разно разни оправдувања ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да го деблокираат формирањето на Државна изборна комисија. Тоа е предуслов за одржување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за својата иднина – велат од СДСМ

Според СДСМ, граѓаните нема да дозволат Мицкоски и деструктивните сили да ја закочат македонската иднина.

– Граѓаните велат ДА за влез во НАТО и почеток за преговори со ЕУ, граѓаните велат ДА за македонската иднина – наведуваат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...