Путин ќе го гледа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал

Путин исто така ќе го проследи и самото финале меѓу Франција и Хрватска.

207

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на церемонијата на доделување на наградите по завршувањето на финалето на Светскиот фудбалски шампионат 2018 година.

Путин исто така ќе го проследи и самото финале меѓу Франција и Хрватска.

„Владимир Путин на 15 јули ќе присуствува на церемонијата на затворање на Светското првенство во 2018 година и ќе го гледа финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Франција и Хрватска, кој ќе се одигра на Лужники. Претседателот исто така ќе учествува на церемонијата“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Финалето на Мундијалот во Русија е закажано за утре во 17 часот по македонско време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...