Горбок се враќа во Вардар

127

Рускиот интернационалец Сергеј Горбок во следните две сезони ќе го носи дресот на Вардар, соопшти македонскиот шампион преку клупскиот сајт.

Русинот минатата сезона ја освои титулата во Унгарија со екипата на ПИК Сегед. Тој е вториот играч од овјо тим што доаѓа во Скопје, по средниот бек Сташ Скубе кој потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“.

Договорот со левиот бек на руската репрезентација, е со важност до јуни 2020 година.

Покрај во Вардар и во ПИК Сегед, Горбок има настапувано и за екипите на Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.

За настапуваше во сезоните 2014/2015 и 2015/2016 и освои две двојни круни во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...