Државната изборна комисија во периодот 2016 – 2017 година не штедела на репрезентација и патни трошоци на нејзините членови. ЦИВИЛ ги доби документите на ДИК, согласно законот за пристап до информации, со кои се потврдува оваа теза.
На членовите на ДИК во 2016 и 2017 им се платени вкупно 313.329 денари (5.094 евра) за дневници и вкупно 2.349. 512 денари (38.203 евра) за службени патувања со сопствено возило, односно 2.662.841 денари (43.298 евра).
Членовите на ДИК не штеделе ниту на телефони.
Од мобилните телефони, освен мобилниот телефон Apple iPhone 7 plus-128GB Black,5.5 inches кој чини 67.000 денари, најголемиот интерес на мобилни апарати за службени потреби на членовите на ДИК се Samsung Galaxy Note 8 NEW 2017,gold,6.3, девет апарати, секој поединечно со цена од 58.000 денари, односно вкупно 589.000 денари (9.577 евра). Овие мобилни телефони се набавени во 2017 година. Во 2016 година потрошени се 496.956 денари (8.080 евра) за десет мобилни телефони. Тоа изнесува фантастични 1.085.905 денари (17.657 евра) за 20 мобилни телефони, потрошени само за една година за членовите на Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија,не штедела и на други работи, но од ЦИВИЛ посочуваат дека не добиле одговор на сите прашања што ги доставиле до ДИК.