Шеснаесетгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во селото Студеничани.
Во незгодата полесно повредени и С.А., И.Е. и К.Е. (42) и момче на 17 годин, кои по укажана лекарска помиош се пуштени на домашно лекување.
Полицијата соопшти дека во сообраќајката учествувале „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки со приколка, управувано од С.А. (66) од село Зелениково и „фолксваген голф“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од И.Е. (41) од Студеничани.
Извршен е увид на местото на настанот.