Трамп го прекрши протоколот и на британската кралица

Средбата уште во самиот почеток тргна лошо, бидејќи Трамп не ја поздрави кралицата соодветно, со традиционалното поклонување со глава, како што наложуваат официјалните упатства на кралската веб-страница.

1155

Со начинот на кој се однесуваше со кралицата,но и со политиката која ја води, американскиот претседател Доналд Трамп не успеа да ги импресионира Британците.

Имено тој при кратката средба со кралицата за време на посетата на Велика Британија, неколку пати го прекрши протоколот.

Трамп и заедно со Меланија во петокот пристигна во замокот Виндзор за да се сретне со кралицата Елизабета Втора, станувајќи четвртиот американски претседател што 92-годишната кралица го примила во палатата, но 11-тиот што го запознала за време на своето владеење.

Средбата уште во самиот почеток тргна лошо, бидејќи Трамп не ја поздрави кралицата соодветно, со традиционалното поклонување со глава, како што наложуваат официјалните упатства на кралската веб-страница. Меланија, исто така, не го изведе традиционалното женско поклонување со свиткани колена.

Двете правила не се задолжителни, бидејќи во бонтонот се вели дека „други луѓе претпочитаат едноставно да се ракуваат на вообичаениот начин“. Сепак, машкиот поклон со глава и женското поклонување со свиткани колена се сметаат за добри манири и обично се практикувани од функционерите кога се сретнуваат со кралското семејство.

Трамп неколку минити подоцна повторно покажа лоши манири, додека ја разгледуваше кралската стража со кралицата. Освен што зачекори пред кралицата, Трамп ѝ го сврте и грбот додека одеа покрај гардистите.

Лидерот на САД сега е жестоко критикуван за непочитување, при што некои дури и го нарекуваа однесувањето на Трамп како „национално понижување“ и „навреда за Велика Британија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...