ГДУ: Каква е оваа ситуација?

307


Изгледа малку беше чочекот во тунелот, па сега ќе се направи еден сенароден чочек. Оти сепак НАТО, е повеќе од еден автопат. Што треба да очекуваме кога официјално ќе влеземе во ЕУ и НАТО, реагира ГДУ на најавената утрешна прослава во организација на Владата, по повод поканата за преговори за членство во НАТО.

„Прво да прославиме, а реформите и подготовките за референдумот можат да почекаат. Граѓаните се бунтуваат, музичарите се чудат, а Владата онаа што се фалеше дека е „најтранспарентна“ си молчи.  Договорите со изведувачите ги склучиле пред еден месец кога се уште не се знаеше исходот од Брисел, а Поповски и Бошњаковски уште не пресметале колку ќе чини славењето. Овој евтин ПР многу наликува на еден ПР од едно блиско минато“, велат од ГДУ.

Од таму порачуваат дека граѓаните сакаат подобра иднина, бараат правна држава, институции во кои ќе веруваат, поголеми плати, подобро образование, подобро здравство, а не прослави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...