Капетанот на морнарицата на НАТО му честиташе на Иванов, од него ни глас

3112

Бартол Горазд, капетан на морнарицата, му честиташе на претседателот Ѓорге Иванов за поканата за влез во НАТО, објавија од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје на нивната Фејсбук страница, постирајќи и заедничка фотографија.

Меѓутоа, од кабинетот на шефот на државата цела недела не објавиле ништо поврзано со НАТО. Како што пишувавме, тој е единствениот во државата кој сѐ уште не соопштил свој став.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...