Македонија доби покана да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, да стане рамноправен партнер на демократските и развиени земји. Ова е остварување на нашиот врвен стратешки и национален интерес, поставен уште од осамостојувањето, изјави генералнио секретар на СДСМ Александар Кирацовски.
-Се остварува заложбата на сите досегашни влади, на сите досегашни парламентарни состави. Се остварува клучната цел на нашата генерација: Македонија да биде стабилна, безбедна, сигурна и напредна држава, во сојуз со демократскиот свет.
Членството во НАТО не носи само загарантирана безбедност и сигурност. Членството во НАТО носи влез на нови и сериозни странски инвестиции, зајакната конкурентност и зголемена доверба во економијата. Нови работни места, и поквалитетни услови за живот на сите граѓани во Република Македонија.
После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме – рече Кирацовски.