Заев: Опозицијата да не врши притисок на граѓаните и музичарите за прославата

645

Опозицијата да престане да сее омраза и да ги спречува граѓаните и музичарите да го изразат својот став и право на демократско изјаснување, апелираше премиерот Зоран Заев, по прес конференцијата за потпишување на договорот за поддршна на американската инвестиција на „Теламон“ во земјава.

Тој ја повика опозицијата да не врши пристисок и на музичарите кои ќе учествуваат на прославата на поканата на НАТО.

– Ја повикувам опозицијата да им честита на граѓаните и да престане да врши притисок врз музичарите кои на најтранспрентен и чесен начин учествуваат во прославата. Опозицијата треба да се одважи да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од сеење омраза, затоа што дури и музичарите и групите низ Македонија се граѓани кои ќе го соопштат својот став на самиот референду рече премиерот.

Заев информира дека прославата се организира со одлука на Влада, концептот значи децентрализација, различна и квалитетна музика во многу градови, богата културна програма.

Впрочем целата програма, реќе Заев, е колку две театарски престави што ги финансира државата.

-Трошоците се од буџетот, а вклучуваат ставки за бина, озвучување, осветлување, надомест за музичарите, промоција..- рече Заев.

Најави дека јавноста ќе биде информирана за висината на потрошените пари веднаш штом ќе бидат извршени пресметките.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...