Фетаи: Приведете го Груевски, доцни на сите судења

1142

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара првообвинетиот во предметот „Шамари во Центра“, Никола Груевски да биде приведен, бидејќи постојано доцни на  рочиштата.

-Според член 380 став 3 од Законот за кривична постапка, треба да биде приведен, ова не е во ред – рече Фетаи.

-Вас не ве почитува чесен суде, не нас обвинителите. Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава – додаде обвинителот Гаврил Бубевски.

По ова, Груевски влезе во судницата, по што доби опомена од судијата Душан Јосифов дека пречесто доцни.

Денешното рочиште за случајот во кој, покрај Груевски, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица, не беше одложено иако еден од обвинетите Митко Пецов побара да си оди дома, бидејќи неговата сопруга требало да прими инсулинска терапија. Судијата Душан Јосифов не му дозволи да си замине.

На денешното рочиште за „Насилство во Центар“ сведочат двајца советници од СДСМ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...