Тешко повреден пешак, возачот избегал

203

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 14.30 часот било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ товарно моторно возило “фолксваген транспортер“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(31) од Скопје удрил во пешак Л.М.(66) од Скопје. Возачот по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот која со возило била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...