Вулин: Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вели дека Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели.

284

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја.

За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот.

– Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот – изјави министерот Вулин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...