Повеќе од шест часа голем мермерен блок е на патниот правец Прилеп – Градско, кај Плетвар, во близина на Каменоломот кај селото Тројаци.
Според информациите од Секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп, поставени се знаци за предупредување, обезбеден е патниот правец и сообраќајот се одвива во две коловозни ленти.
Оттаму велат дека големиот мермерен блок од 7 до 8 кубни метри, тежок над 20 тони, најверојатно паднал од камионот што го превезувал од Каменоломот во правец на Градско.
Увид направила и полицијата, а според надлежните од „Македонија пат“ обврска според Законот е сопственикот на мермерниот блок да го отстрани од патот.