Moже да се радуваме, да се надеваме, напорно да работиме и да сработиме се што ни е дадено како домашна задача. И ништо друго. Конечно после долги години со сите непренципиелни отстапки што ги направивме, добивме покани за ЕУ и НАТО. Ама со услов. Тоа е за поздравување и за радување. Ама не е време за славење. Во услови на крајна поделеност помеѓу граѓаните во земјата, во услови кога треба да се вложат натчовечки напори за да има усогласување и помирување помеѓу позицијата и опозицијата во државата, не е време за славење.
Треба да се формира ДИК, треба да се одржи референдум. Без опозицијата тоа е невозможна мисија. А замислете да повикаат на бојкот!? Можно е нели? И што тогаш? Се’ ќе се врати на почетокот. Ништо нема да важи! Не е време за славење и од друга гледна точка. Дали сме се запрашале дека можеби со тоа ќе предизвикаме уште поголемо незадоволство кај грчката опозоција, и кај коалициониот партнер на Ципрас, кај грчките националисти, кои исто така треба да го ратификуваат Договорот во грчкиот Парламент.
Ќе славиме, секако дека ќе славиме, ќе направиме најголема прослава на скопскиот плоштад какава што не памети Македонија, ама не сега. Кога ќе го изодиме патот со трња и ситни остри камења кои треба да го поминеме. Е тогаш ќе славиме. Три дена и три ноќи ќе славиме.
Томас Џеферсон