Павлопулос: Атина чека Македонија да го исполни Договорот, па ќе го ратификува

Грчкиот претседател истакна дека Атина чека, Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.

491
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата земја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос .

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето со Македонија.

– Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи со ПЈРМ и во пракса покажуваме дека ја поддржуваме перспективата кон НАТО и ЕУ, но овде постои еден важен предуслов: решавање на прашањето со името согласно со историјата и Меѓународното право. За да се случи ова, како што имаме јасно кажано и тоа е позиција прифатена од НАТО и од Обединетите нации, треба, нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а најпрво во нејзиниот Устав, бидејќи Уставот каков што е сега не одоговара на предусловите – рече Павлопулос.

Грчкиот претседател истакна дека Атина чека, Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.

– Посакуваме овој процес да има поволен исход, но одговорноста, како што сите знаеме, ѝ припаѓа на соседната земја – додаде грчкиот претседател.

Павлопулос говореше и за делот од Договорот во кој се разграничуваат грчката од нашата Македонија и историјата, цивилизацијата и културата.

-Ние сме тука за да им го олеснијме патот, но потенцирам, да не отстапиме ништо од она што ни припаѓа, согласно нашата историја и нашата култура, рече Павлопулос, пренесе МИА.

ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...