Столтенберг и формално му ја врачи поканата на Заев за НАТО

484

Генералниот секретар на НАТО официјално му ја врачи на Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.

– Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз – рече генералниот секретар по потпишувањето.

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.

-Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска – рече Заев.

Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан

-Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион – додаде Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...