Лидерството на Македонија е препознаено, успехот е соодветно вреднуван. Македонија станува триесетта членка на НАТО, македонското знаме ќе се вее на 30тиот јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел, вели Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.
-Ви честитам на историскиот успех, Македонија доби покана за влез во НАТО. Се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се реализираат децениски заложби на нашите граѓани, на сите досегашни влади и собраниски состави. Членството во НАТО не само што обезбедува загарантирана безбедност и сигурност, туку отвора пат до нови фондови, зголемена конкурентност, носи повеќе инвестиции, нови работни места, а со тоа и поголем квалитет на животот на сите граѓани во Република Македонија. Како пратеници, остануваме силно посветени на евроинтегративните процеси што обезбедуваат полноправно членство во ЕУ и НАТО. За таа цел, Комисијата за одбрана и безбедност, денес донесе едногласен заклучок, на Собранието да му предложи Декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Очекуваме дека оваа Декларација, ќе биде со акламација усвоена на седницата, следниот вторник на 17 јули – вели Локвенец.