Џејмс Мекеј, од одделот за политички и безбедносни прашања во НАТО ќе биде главен претставник на Алијансата во пред-пристапните преговори со Македонија, објави Алсат М. Се очекува тој да допатува во земјава до крајот на месецов.
Мекеј ќе биде задолжен за техничките подготовки, додека главен преговарач ќе биде помошникот на Столтенберг, Алваро Гонзалес, јави Телма ТВ.