Нови 20 „бомби“ за автопатите одекнаа во судница

286

Со преслушување на уште 20-тина разговори од таканаречените бомби, предложени како доказ рочиштето за случајот на СЈО  „Траекторија“  ќе продолжи на 4 септември 2018 година.

Досега се преслушани околу 300 разговори, а денеска се слушаа бомби од преговорите за апликацијата за кредит од Кина од период февруари 2013 година.

Во сите разговори се слуша гласот на поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески со соговорници во кои се договара кои македонски компании да учествуваат во изградбата на патот.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...