Од 56 партии кои буџетски се финансираат спречено е финансирањето на 26 партии заради ненавремено поднесени извештаи, изјави министерката за правда Рената Дескоска. Таа потенцира дека пред неколку месеци е донесена одлука со која се спречено финансирањето на речиси половина од партиите.
– Ако имаме 56 партии кои добиваат буџетско финанасирање, во април месец е донесена одлука со која е сопрено финансирањето на 26 партиии зашто ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола која ги мотивира партиите на транспарентност – изјави Дескоска.
Министерката вели дека е потребно јакнење на капацитетите на институциите како Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, Обвинителството и други.
– Една од опциите да се зајакнат механизмите е финансирање од буџетот, но на ова одговор треба да даде Министерството за финансии, бидејќи ќе треба да се издвојат многу повеќе пари од буџетот – рече Дескоска.