Еден од најдобрите на Мундијалот во Русија, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, се огласи по поразот на Англија од Хрватска.
Британците изминатите неколку дена најавуваа освојување на СП и самоуверено најавуваа „враќање на фудбалот дома“, алудирајќи дека ќе станат шампиони.
-Доаѓа дома. Невозможно, напиша Мбапе.
19-годишниот талентиран напаѓач ја објасни својата реакција.
-Жал ми е. Ја сакам Англија, но заслужувате ваков одговор поради сите кои ми праќаа глупи пораки, реагира Мбапе.