Беса: Заслужена поканата за НАТО

104

Денешната одлука на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, за да и се додели на Република Македонија покана за членство во северно-атлантската алијанса претставува вест од историски размери за нашата држава. Иако целиот процес беше, со многу перипетии и пожртвуваност, денес сето тоа беше валоризирано. Денес стана реалност изгубената можност во 2008.

Секако дека за ова се заслужни граѓаните на Македонија, на кои им го честитаме овој голем ден, меѓутоа и домашните политички актери ја извршија својата работа, вклучувајќи ја и заложбата на Движењето Беса, што се потврди со приклучувањето кон ова влада, со намера да биде дел од поновата историја на земјата и воедно да го исполни даденото ветувањето на граѓаните и нејзините гласачи дека, независно од политичката цена, Беса ќе биде дел од членството на земјата во НАТО.

По овој повод Беса потенцира дека членството на Република Македонија во НАТО е храбра одлука и нова можност за доброто на нашите граѓани, кое се реализира во име на западните вредности, стабилноста на регионот и развојната перспектива.

________________________________________

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...