Најновата инвестиција на Јувентус, Кристијано Роналдо веднаш почна да ги враќа парите вложени во него. Италијанскиот шампион продава по еден дрес на секоја минута и се очекува бројот на продадени дресови со името на Португалецот да достигне еден милион.
Просечната цена на дресот со „7-мицата“ е 100 евра.
Роналдо пред два дена потпиша за Јувентус каде дојде од Реал Мадрид во трансфер вреден околу 112 милиони евра.