Родителите плачеа од среќа на првата средба со своите деца ВИДЕО

1185

Дванаесетте деца кои две недели беа заробени во пештерата во Тајланд, денеска, еден ден откако беа извлечени, од болничките кревети им мавтаа на своите семејства, на кои им беше дозволено да ги видат децата низ заштитно стакло, затоа што засега се наоѓаат во карантин.

Родителите плачеа од радост кога за првпат по спасувањето ги видоа своите деца.

Докторот Чаијавеј Танапаисарн објасни дека на родителите не им е дозволен влез во болничката соба за да се спречи ризикот од инфекција.

Три деца се лекуваат од воспаление на белите дробови, но се очекува сите млади фудбалери да бидат пуштени од болница за една недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...