Радувај се Македонијо!
Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени.
Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата.
Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми.
Денес е голем, историски ден, за Република Македонија.
Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.
По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел.
(Статус на Фејсбук на премиерот Зоран Заев)