Пендаровски: Наша задача за НАТО е да го имплементираме Договорот за името ВИДЕО

776

Националниот координатор за подготовка на Македонија за влез во НАТО, Стево Пендаровски од седиштето на НАТО во Брисел рече дека денеска добиваме покана да ги почнеме пристапните преговори.

– Грубо кажано ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја аспирант во минатото – рече Пендаровски.

Според него, она што е специфично за Македонија и што е наша конкретно домашна задача е да го имплементираме докрај договорот со Грција, Преспанскиот договор, и НАТО ќе не цени низ таа призма.

– Значи, нема да биде доволно само овие воено технички, па и политички и легални правни услови да ги исполниме во наредните четири до шест месеци од прилика, туку ќе биде неопходно да ја завршиме и процедурата за ратификацијата за референдум во однос на договорот и се разбира уставните промени – рече Пендаровски.

Според негова проценка, некаде околу средината на јануари 2019 година би требало, како што вели, ако се биде успешно да ги завршиме и овие преговори што ги наметнува рутински за секоја земја аспирант и оваа нашава што е специфична обврска од договорот со Грција и потоа се влегува во една процедура која се нарекува ратификација во сите парламенти на земјите членки и тоа може да трае од прилика до година дена.

– По сите информации што ги имаме, тоа е само за земји членки, ние не сме поканети внатре се разбира. По сите информации што ги имаме бидејќи претходните недели и недели се драфтуваше завршното коминике и заклучоците и по оваа точка, инаку НАТО има многу други точки, никој не изрази приговор освен ова кое што го знаеме како стар приговор од страна на Грција, а таму го имаме договорот, некој друг приговор на изрази дека Македонија не е добра по некои други критериуми и тоа би требало да влезе, освен Преспанскиот договор – рече Пендаровски.

Очекуваме, односно како што рече тој, практично сме сигурни дека формулацијата ја знаеме и оти ќе гласи како за претходните аспиранти кога беа поканети.

– Значи ќе гласи од прилика Алијансата ја поканува, ќе оди со ПЈРМ бидејќи од 1994, од Партнерство за мир па до денес во Алијансата се уште сме под референцата, значи, ја покануваме ПЈРМ да ги започне пристапните преговори. Таа е формулацијата за која никој изрази приговор до денес до 12 часот и најверојатно дека на самиот состанок на шефовите на држави и влади ќе каже некој нешто слично. Значи, формулацијата ја имаме. Со таа формулација практично уште од утре почнуваме да ги правиме тимовите во Скопје кои ќе преговараат овде во Брисел со експертите на НАТО по сите политички и воено технички прашања кои се на ред – вели Пендаровски.

Тој додаде дека НАТО нас ќе ни достави план по точки по кои очекува ние да се произнесеме.

– Значи, тоа е прва работа која НАТО ќе ни ја достави. И ние на тоа ќе дадеме одговор во облик на т.н. мини MAP или мини национална годишна програма за членство, која ќе мора натаму да ја изработуваме квартално, значи ако не ги завршиме сите обврски за три месеци и за уште три месеци, меѓутоа главната обврска се знае – Преспанскиот договор е нашата домашна задача и тука јас мислам дека сите, апсолутно сите политички субјекти, особено оние најрелевантни кои се присутни во Парламентот ќе мора да бидат на висина на историската задача бидејќи по мое скромно убедување она што не очекува на есен, значи референдумот прво е во рамки на референдумот за независност, во ранг на ако сакате како документ на ниво на Рамковниот договор, значи тоа се тие три меѓници, три столба на кои оваа држава опстојувала и ќе продолжи да опстојува ако сме доволно паметни – рече Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...