Австријците можат јавно да ги пцујат политичарите

363

Граѓаните на Австрија имаат право да им покажат среден прст или да опцујат политичар доколку може да ја докажат оправданоста на таквата акција, пресуди Апелациониот суд во земјата.

Вицеканцеларот на земјата и лидер на австриската крајна десница, Хајнц Кристихан Штрахе, обвини активисти на една радикална левичарска група дека јавно го навредувале на една манифестација кога осамна видео од инцидентот на социјалните мрежи.

Судот, кон кој било поднесено обвинението, тоа го отфрлило, а во понатамошна постапка одлуката ја потврди и Апелација.

„Правото на провокативен и шокантен начин да се изнесе политичко мислење претставува фундаментален дел од слободата на изразувањето“, се наведува во пресудатата.

На снимките од инцидентот се гледа како припадници на крајнолевичарска организација набројуваат причини поради кои, како што тврдат, имаат целосно право да кажат „е*и се Штрахе“, што е напишано на транспарентот што го носат. Притоа тие покажуваат и среден прст.

Групата ја поздрави пресудата како победа на слободното мислење и изразување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...