Преговорите со НАТО се стандардна процедура и траат кратко

2535

Преговорите со НАТО се стандардна процедура, поврзана со одлуката земјата кандидат да се покани за членство во Алијансата, објаснува за Плусинфо извор од Владата.

– Преговорите се претежно за прашања од техничка природа и траат кратко меѓу два и четири месеци. Оваа стандардна процедура беше запазена и при приемот на Албанија, Хрватска и други нови членки на НАТО – појаснува изворот и додава дека Македонија со сигурност успешно ќе ги заврши преговорите и сите други постапки од процедурата за прием во НАТО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...