Зошто пропаѓа империјата на Џејми Оливер?

Само во првите месеци од 2018 година мораше да затвори 12 ресторани со 450 вработени.

3438

Најпознатиот светски готвач Џејми Оливер се соочува со тешки времиња. Од 2014 година наваму тој мораше да затвори многу од своите ресторани.

Само во првите месеци од 2018 година мораше да затвори 12 ресторани со 450 вработени.
Доктор Паоло Аверса, економски експерт, смета дека лошата стратегија на Џејми е виновна за падот.

– Џејми го изгради брендот околу своето име, а тоа е апсолутно погрешно. Проблемот настанува во моментот кога муштеријата не може да го поврзе доживувањето во рестораните со личноста. Тие одат во рестораните на познатите готвачи со очекување дека тие лично ќе готват за нив. Кога тоа не се случува луѓето го губат чувството на поврзаност – објасни Аверса.

Самата компанија, пак, смета дека дел од причините за падот лежат во тоа што тие главно отвориле ресторани со италијанска храна каде што конкуренцијата е голема, а често и понудата е поголема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...