Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, претпладнево слетаа во Брисел на Самитот на НАТО каде Македонија ќе ја добие поканата за членство во Алијансата.
Тие објавија фотографии од аеродромот, Димитров посочувајќи дека имаме состанок со историјата, а Османи дека од аеродром се гледа дека сме блиску од ЕУ и НАТО.
Двајцата во Брисел допатуваа од Лондон, каде беа дел од македонската делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Синоќа тие на нивните Фејсбук профили се пофалија и со фотографии со британскиот принц Чарлс.