Кошаркарската репрезентација на Македонија напредуваше за едно место на најновата ранг-листа на ФИБА што беше објавена денеска. Со 184,8 поени сега сме 39-ти во светот, додека во Европа сме на 21-во место.
„Црвено-жолтите“ во изминатиов период ги совладаа Словачка на гостински терен и Швајцарија на домашен терен, што донесе скок на ФИБА-листата.
На врвот се наоѓа националната селекција на САД, пред Шпанија, Франција, Србија и Аргентина.