Вон Дер Лејен: Стискам палци за референдумот

232

Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен.

– Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение очекувам да ја посетам вашата прекрасна држава, во септември мислам – рече Вон Дер Лејен.

На прашање во врска со референдумот, Вон Дер Лејен одговори дека се надева оти тој добро ќе помине.

– Стискам палци референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО, изјави германската министерка за одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...