Грција протерува руски дипломати, го попречувале и договорот од Преспа

Изворите на Катимерини укажуваат и на напорите на Русија да се вмеша во чувствителното внатрешно прашање, како што е договорот меѓу Грција и БЈРМ околу името, и со тоа негативно да влијае на улогата на Грција на Балканот.

2091

Грчката влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да забрани влез во Грција на уште двајца, обвинувајќи ги за мешање во домашните работи и незаконски дејства против националната безбедност на Грција, дознава Катимерини.

Поконкретно, Атина ги обвинува руските дипломати за обид да дојдат до информации со поткуп на грчки оперативци, но обидот не им успеал.

Случајот ја изнесува на виделина напнатоста меѓу Атина и Москва, што се чини дека се зголемува во текот на последните две години, од причини поврзани со регионалната безбедност.

Според грчки дипломатски извори на високо ниво, Атина повика на итно протерување на две лица, меѓу кои и претставникот на руската амбасада, Виктор Јаковлев, и протерување на уште двајца.

Истите извори истакнуваат дека иницијативата следи по бројни координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, меѓу кои, меѓу другото и активностите на Државната Православна палестинска заедница.

И покрај овој најнов развој, истите извори истакнуваат дека Грција продолжува, во согласност со својата долгогодишна политика, да сака добри односи за соработка со Русија и да го промовира пријателството меѓу двата народи, но додаваат дека ова може да биде случај само ако и двете земјите се почитуваат меѓусебните суверенитети.

Тие, исто така, укажуваат на внимателниот став на Грција во аферата “Скрипал”, кога не ги следеше другите западни земји што ги истераа руските дипломати, позиција што беше поздравена од Москва.

Истите извори забележуваат дека и покрај напорите на грчката влада да ги одржи односите со Русија на добро ниво, во последно време разните кругови кои се поврзани со руските интереси се мешаат во грчките домашни работи.

Со давање напарични средства таа се обидува да внесесвое влијание во општините, кај поповите во хиерархија на Грчката православна црква и да се здобие со влијание во Света Гора.

Изворите на Катимерини укажуваат и на напорите на Русија да се вмеша во чувствителното внатрешно прашање, како што е договорот меѓу Грција и БЈРМ околу името, и со тоа негативно да влијае на улогата на Грција на Балканот.

Тие додаваат дека одлуката за протерување е ограничена на конкретните четири лица и не го менува односот на Грција кон Русија.

Тие додаваат дека сите „повратни одговори“ на Москва ќе доведат до понатамошно влошување на односите.

Истовремено тие укажуваат на фактот дека ниту еден член на грчките дипломатски и конзуларни служби во Русија не се однесувал надвор од строгите правила на нивната мисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...