Пентагон: Не сме изненадени од изјавите на Путин за оружје

783

Пентагон соопшти денеска по повод изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за новото нуклеарно оружје, дека тоа не е никакво изненадување за армијата на САД која е подготвена да ја брани државата.

Портпаролката на Пенгатон, Дана Вајт рече дека Москва одамна развива оружје и дека е вклучено во американските проценки.

– Не сме изненадени од изјавите и американските граѓани треба да бидат сигурни дека се целосно подготвени – изјави Вајт.

Како што претходно објави МИА, Путин денеска во говор за состојбата на нацијата порача дека Русија тестирала ново стратешко нуклеарно оружје кое противничка страна не може да го пресретне и оти руски ракети може да погодат која било точка во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...