Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за спроведена постапка по објавен оглас и го прифати предлог – решението д-р Маја Мојсова Мијовска да биде национален координатор за трансплантација.

Доктор Мојсова Мијовска, соопшти владината прес-служба, од 2013 година е назначена за болнички координатор за трансплантација, а од декември 2017 година e поставена за раководител на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
Мандатот на Мојсова Мијовска како национален координатор за трансплантација е четири години.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...