Роуз Готемолер, заменик генерален секретар на НАТО, ја објаснува динамиката која ја очекува Македонија за влез во НАТО Алијансата, откако би добиле покана за старт на преговори.
– Веќе се подготвуваат драфт документите за да може да се почнат разговорите со вашите колеги во министерствата. Тоа ќе почне и продолжи и ќе трае неколку месеци, обично три или четири месеци, и во тој момент ќе го имаме таканаречениот пристапен протокол подготвен и тој ќе биде испратен до сите 29 парламенти и законодавни домови на државите членки на НАТО за да бидат ратификувани во секој од нив. Тогаш БЈРМ ќе биде повикана на масата, ќе биде поканета да се приклучи на сите состаноци да учествува во нашите дискусии. Во тој момент ќе бидете повикани на масата на НАТО – вели таа во интервју за Телма.
Готемолер вели дека со нетрпение го очекуваат тој момент, кој може да се случи на почетокот на 2019 година.