Повредите на мозокот биле кобни за Саздо

Во однос на информациите дека денес во обвинителство бил сослушан клучниот сведок, од ОЈО исто така се воздржани. Велат дека во оваа фаза на постапката, важни се сите сведочења кои можат да придонесат за расветлување на настанот. Ниту еден исказ, потенцираат, не може да се смета за главен додека не се утврди неговата важност во натамошниот тек на постапката.

1048

Повредите на главата односно на мозокот се причината за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо, говорат првичните резултати од обдукцијата.

Таа е завршена вчера, а денеска резултатите се испратени во јавното обвинителство каде ќе се прават дополнителни вештачења и анализи.

Од обвинителство засега нема официјална потврда кои биле кобните повреди за 21-годишниот Комита. Оттаму потврдуваат дека пристигнал извештајот од судска медицина.

„Денеска пристигна извештајот од наредената обдукција на починатото лице и претстои негово разгледување. По прибирањето и анализата на сите докази ќе може да биде донесена јавнообвинителска одлука и во однос на кривичната одговорност на лицата и во однос на правната квалификација на кривичното дело“, соопштија од обвинителството.

Во однос на информациите дека денес во обвинителство бил сослушан клучниот сведок, од ОЈО исто така се воздржани. Велат дека во оваа фаза на постапката, важни се сите сведочења кои можат да придонесат за расветлување на настанот. Ниту еден исказ, потенцираат, не може да се смета за главен додека не се утврди неговата важност во натамошниот тек на постапката.

Саздо денеска во 13 часот беше погребан на гробиштата во селото Ракотинци, а од навивачката група Комити упатија апел да се простат достоинствено од нивниот другар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...