Во училиштето во Мае Саи на Тајланд, пријателите на Nuttawut Takumsong, еден од членовите на фудбалскиот тим „Дива свиња“ заробен во комплексот на пештерите, изјавија за Си-Ен-Ен дека со нетрпение очекуваа да споделат голема чинија со пржено пилешко, омилено јадење на момчето, веднаш штом ќе бидат повторно заедно.
Најмладиот член на тимот, 11-годишниот Титун исто така напиша во писмото до неговите родители, дека би сакал да јаде пржено пиле кога ќе излезе од пештерата.
Прженото пилешко месо понудено на големи чинии е вообичаена глетка на улиците на Мае Саи, и е особено популарно меѓу учениците во градот.
ФОТО: CNN/ Steve George , Твитер